„Четата“ на Тасевски гази ли гази – Победнички и низ Чаир (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Осум едноподруго натпревари екипата на Силекс не знае за пораз во домашниот шампионат.

„Четата“ на Жикица Тасевски победнички денеска мина и низ Чаир славејќи против Шкупи со 0-1, за скор во последните осум дуели во шампионатот од четири победи и четири ремија. Триумф по кој Силекс се проби на третата позиција на табелата со 22 бода, само еден помалку од второпласираниот Вардар, а сега избивајќи пред Академија Пандев.

Сето тоа за нескриена радост на кратовци, кои од сенка, водени од еден од најдобрите домашни тренери Жикица Тасевски, сега најавуваат амбиции и за европски излез… Иако, објективно, долг е уште шампионатот.

[new_royalslider id=”832″]

 

Се вчитува...