Четири гиганти во трка за потписот на Давид Луиз

Дефанзивецот на Челси, Давид Луиз, може да го напушти клубот уште во јануарскиот преоден рок, а четири европски гиганти се подготвени да го позајмат Бразилецот. Реал Мадрид, Милан, Интер и поранешниот негов клуб, ПСЖ контактирале со претставниците на Луиз околу евентуална позајмица до крајот на сезоната.

30-годишниот бразилски репрезентативец не е во најдобри односи со Конте, Луиз се сомнева во тактика на неговиот тренер, откако Челси имаше турбулентен октомври месец што се однесува со резултатите, а стратегијата на Конте беше под знак прашалник по ремито со Рома во Лондон и поразот од „волчицата“ во Рим.

Луиз беше казнет поради својот став, во неделното дерби против Манчестер јунајтед мечот го следеше од трибините. На негово место младиот Андреас Кристенсен одлично ја изврши работата, па логиката на Конте е дека Луиз и не му е веќе потребен и може да бара нов „дом“ уште во јануари, ако може Данецот на исто ниво да ги врши задачите во одбраната.

Се вчитува...