Четири гола на Кејн, Тотенхем го „здроби“ Лестер…

Фудбалерите на Тотенхем извојуваа убедлива победа од 1-6 на гостувањето против Лестер, со која само дополнително ја потврдија втората позиција во Премиер лигата оваа сезона.

Тотенхем уште во првиот дел го најави триумфот со погодоците на Кејн во 25. минута и Сон Хеунг-Мин во 36. минута од средбата.

Домашните намалија во 59. минута, но потоа следеа уште четири погодоци на Тотенхем за убедлив триумф, и повторно преку Кејн, и тоа во три наврати, и Хеунг-Мин.

All Goals & highlights HD – Leicester 1-6… by LiveGoalsTV

Со оваа победа Тотенхем има 83 бода, на втората позиција, седум помалку од водечкиот Челси, а осум бода повеќе од третопласираниот Манчестер сити.

Се вчитува...