Четири нови откази и кај Норвежаните, Лагербек го повика Ола Камара дополнително

Фудбалската репрезентација на Норвешка, која ќе биде противник на Македонија на пријателскиот натпревар во Скопје на 11 ноември, исто така се соочува со откази поради повреди, слично како и нашиот национален тим. Селекторот Ларс Лагербек доби информација дека нема да може да смета на Џошуа Кинг, Стефан Јохансен, Фредрик Митсјо и на Омар Елабделауи за пријателските мечеви против Македонија и против Словачка.

Од претходно, норвешкиот национален тим остана и без Андерс Трондсен и без Хаитам Алесами.

Селекторот Ларс Легербек одлучи да повика еден нов фудбалер дополнително, и тоа Ола Камара, фудбалерот на Колумбус од МЛС – лигата на САД, кој игра во навалната линија.

 

Се вчитува...