Четири победи за Audi на Car Connectivity наградите за 2016 година - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
16/01/2017 19:50
Ракомет
16/01/2017 19:23
Ракомет
16/01/2017 19:18
Ракомет
16/01/2017 19:17

Четири победи за Audi на Car Connectivity наградите за 2016 година

Четири победи за Audi на Car Connectivity наградите за 2016 година

Светски познатиот бренд „ Audi “ освои четири први места на годинешните награди Car Connectivity, каде околу 32.000 читатели на магазините „Auto Motor und Sport“ и „CHIP“ гласаа за своите фаворити. Категориите во кои „ Audi “ убедливо ги освои првите места се систем за асистенција, контролен дисплеј, звучен систем и забав но – мултимедија лен систем.

„Повторната победа, која годинава е во четири категории, е потврда за нашата стручност во развојниот дел на системите за дигитализација и асистенција. Фокусот на нашата стратегија за поврзување е зголемување на поволностите на корисниците во областа на безбедност а удобност а и ефикасноста“ – изјави Маркус Кит, директор за развој на системите за поврзување во Audi AG.

Audi победи во категоријата „ системи за помош“ со сво j от адаптивен темпомат , кој вклучува асистенција во сообраќаен метеж. Audi ги импресионираше учесниците во анкетата со својот MMI контролен систем, а почестите во категоријата звучни системи ги доби за својот Bang & Olufsen звучен систем со 3D звук.

Вградувањето, пак, на таблетот за забава на задните седишта ја стави компанијата на прво место во категоријата забав но- мултимедија лен систем . Учесниците во годинешните Car Connectivity награди ги одбираа своите фаворити во 11 категории. Ова е трет пат како “Auto Motor und Sport” и “CHIP” ја доделуваат оваа награда. Доделувањето на наградите се одржа во Штудгарт.

Комерцијален текст

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.