Четврта среќа за Венгер кај Лестер, Шмајхел пред вратите на „Емирати“

По неуспешните ангажмани на Канте, Марез и Варди, Венгер ќе проба да го донесе Каспер Шмајхел. Реконструкцијата на тимот за новата сезона ќе започне од почеток, односно од голманската позиција. „Топчиите“ се надеваа дека Петр Чех е решението на „проблемот“ голман, но и ветеранот на крајот се покажа дека неговите најдобри денови се зад него.

Венгер гледа кон се уште шампионот Лестер, поточно Каспер Шмајхел. Синот на легендарниот Петар Шмајхел е на мета на неколку гиганти, меѓу кои се спомнуваа Реал Мадрид и Манчестер сити, но за „кралевите“ е последна опција, бидејќи тие целат кон Де Хеа и Куртоа, а и за Сити е план Б.

Преселба во Арсенал е најлогична. „Лисиците“ веќе не се оној шампионски тим од минатата сезона. Канте замина во Челси каде е на прагот да ја освои Премиер лигата втор година по ред, додека нивниот водич, Раниери доби отказ откако тимот влезе во борбата за опстанок. Шмајхел покрај ваква понуда повторно ќе има шанса да игра во Лигата на Шампиони, доколку Арсенал се избори во првите четири, нормално.

Лестер нема одредено цена за нивниот прв голман, што се подразбира, бидејќи сакаат и следната сезона да ја чува нивната мрежа, но, се шпекулира дека 20 милиони фунти ќе го задоволат газдата на актуелниот англиски првак.

Се вчитува...