ЧЕТВРТФИНАЛЕЕЕЕ на СП ….Македонија има нови ракометни херои

Македонија е во четвртфиналето на Светското младинско првенство во Алжир! Мудро, зрело, трпеливо со памет во глава и срце на терен, младите македонски ракометари го победија Алжир со 20-24 и обезбедија пласман меѓу осумте најдобри селекции во светот. Илија Темелковски и новата генерација испишуваат нови светли старници на макеоднскиот ракомет. Го направија посакуваниот чекор напред, а следниот предизвик ќе им биде ни повеќе ни помалку туку актуелниот светски шампион Франција.

Почеток што многу ветува имаа македонските ракометари во осминафиналето на СП. Никола Даниловски го одбрани првиот седмерец за Алжир, а капитенот Филип Талески на спротивната страна погоди за почетно водство. Одлично функционираше играта во одбраната и Македонија во првите десетина минути диктираше темпо што резултираше и со прво водство со +2 со погодокот на Мице Шилегов за 3-5. Алжирците бодрени од своите навивачи сепак, не им дозволија на македонските ракометари да се одлепат. Агресивната игра во одбраната и сигурниот Калифа Гедбане на голот усеаја да го сопрат македонскиот напад и да го остават девет минути без погодок.Алжир изедначи на 5-5, а потоа и го презеде водството поведувајќи со 8-6 во 22.минута. Упорноста му се исплати на Филип Кузмановски кој погоди од тешка позиција за 8-7 и успеа да ја прекине лошата серија без погодок што ја имаше Македонија во втората половина од првото полувреме. На тоа се надоврза и Мартин Томовски кој го одбрани ударот од седум метри на Нуредин Хелал, а Давор Палевски брзо реализираше за ново изедначување на 8-8  и на пет минути пред крај на полувремето ја врати македонската репрезентација одново во егал. Левиот бек Зохер Наим го држеше нападот на Алжир и домаќините заминаа на одмор со еден гол предност (11-10).

makedonija - alzir 4

Третиот погодок на Велковски на стартот од второто полувреме брзо донесе ново изедначување. Македонија трпеливо го градеше нападот, а Кузмановски ја искористи шансата одново да ги врати „црвено-жолтите“ во позитива. И речиси идентично како во првата четвртина и во овој дел од натпреварот, Македонија ја имаше минимална предност и иницијатива, а Алжирците бркаа резултат. По прецизната асистенција на Талески, прецизен од крилната позиција беше Давор Палевски и го зголеми водтсво на 13-15 во 42.минута.

Спорната судиска одлука им отвори шанса на домаќините да дојдат во напад и да изедначат на 15-15 на стартот од последната четвртина. Но, ни тоа не ги исфрли од колосек македонските ракометари, а ни сигурната рака на Талески кој со четвртиот погодок донесе ново водство од 15-16 во 48.минута од натпреварот, а веднаш потоа и за нови +2 (15-17). И во последните дест минути Македонија влезе со два гола предност, Давор Палевски погоди за 16-18. Томовски врза две одбрани во клучните моменти, а Талески ја пропушти првата, но не и втората шанса за прво водство на Македонија со +3 (16-19) на седум минути пред крај. Во последните пет минути Макеоднија влезе со највисоки четири гола предност отако Палевски реализираше седмерец за водство од 16-20. Алжирците успеаја да намалат со два гола во серија, но макеоднските ракометари ги држеа конците во свои раце. Искусно, трпеливо, сигурно го приведуваа осминафиналето кон завршницата. Талески асистираше а, Шилегов беше прецизен за ново највисоко водство од 18-23 и мирна завршница и голема победа за историско четвртфинале на СП.

makedonija - alzir 3

Капитенот Филип Талески одново беше прв сгтрелец во макседонскиот состав со осум гола, Давор Палевски постигна четири, а по три погодоци во историската победа за четвртфинале на СП запишаа Мартин Велковски, Мице Шилегов и Филип Кузмановски.

Во четвртфиналето Македонија во петок ќе игра против актуелниот светски шампион селекцијата на Франција. Како куриозитет или показател за силната група Ц во која играше Македонија е податокот дека сите четири селекции што се пласираа во втората фаза – Шпанија, Македонија, Русија и Тунис славеа победи во осминафиналните дуели и ќе играат во четвртфиналето на СП во Алжир.

Се вчитува...