Чикаго без Рондо во серијата против Бостон

Плејмејкерот на Чикаго Булс, Ражон Рондо дефинитивно гo пропушта остатокот од натпреварите во првата рунда од плејофот во НБА лигата против Бостон, поради повреда на палецот.  Раководството на клубот изјави дека не е потребна операција, но ќе биде потребно подолго време за организаторот на Булси да закрепне.

„Повредата изгледаше сериозно, неговото закрепнување ќе зависи од тоа колку далеку ќе стигне Чикаго во разигрувањата. Ако продолжат во следната рунда, Рондо ќе мора да се врати на терените“ – изјави Крис Хејнс, новинар на „ИСПН“.

Рондо во регуларниот дел од сезоната доста се мачеше со учинокот на натпреварите.  Со само 7,8 поени поостигнати по натпревар и 6,7 асистенции во првата сезона во дресот на „биковите“, Фред Хоиберг не може во целост да се потпре на неговите квалитети. Единствената позитивна статистика на Рондо е шутот од 37,6% успешност од линијата за три поени, што е најдобар процент во неговата 11-годишна кариера.

Се вчитува...