Чикаго домаќин на НБА „Ол – стар“ 2020

„Ол – стар“ викендот по трет пат ќе се одржува во Чикаго, откако денес извори од лигата најавија дека градот ќе биде домаќин во 2020 година. Најголемите ѕвезди од НБА лигата со своите кошаркарски уметности ќе ги забавуват фановите на ветровиот град, „Јунајтед“ центарот ќе биде главното збиднување на атракции по цели 32 години.

Иако се уште нема официјално соопштение, комесарот на лигата Адам Силвер и градоначалникот на Чикаго Рам Емануел во текот на денот ќе ги обелоденат сите детали околу организацијата.

Последен пат во Чикаго „Ол – стар“ викендот се одржуваше во 19988 година, а во улога на домаќин Мајкл Џордан беше воедно и главната ѕвезда на паркетот, покрај освоената награда за најкорисен играч на главниот натпревар, еден ден порано го изведе својот „заштитен знак“, славното закуцување со скок од линијата за слободни, кое подоцна стана и официјално лого на неговиот спортски бренд „Ер Џордан“.

За 2018 година викендот ќе се одржува во Лос Анџелес, додека една година подоцна (2019), Шарлот ќе биде организарот на кошаркарскиот спектакл во САД.

https://www.youtube.com/watch?v=sUz3ZYfoNxo 

Се вчитува...