Чилиќ и Дел Потро сигурни на Индијан Велс, испадна Зверев

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ се пласираше во 3. коло на Индијан Велс по победата против Унгарецот Мартон Фуцович со 7-5,6-3.

Во третото коло Чилиќ ќе игра против Германецот Филип Колшрајбер.

Искусниот Аргентинец Хуан Мартин дел Потро беше подобар од Де Минауро со 6-2,6-1, а негов следен противник ќе биде Давид Ферер.

Милош Раониќ со 6-4,6-4 беше подобар од Канаѓанецот Аугер, додека неочекувано испадна талентираниот германски тенисер Александер Зверев кој во три сета беше победен од Португалецот Жоао Соуса. Португалскиот тенисер беше подобар со 7-5,5-7,6-4, па во третото коло ќе се соочи со Раониќ.

Како испадна Новак Ѓоковиќ, а сега и Зверев, Роџер Федерер и Марин Чилиќ дефинитивно се моментално најголемите фаворити за освојување на Индијан Велс.

Се вчитува...