Чоло ги критикуваше судиите, сега се соочува со казна

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се соочува со четири натпревари казна поради критикување на судиските одлуки од мечот против Вилјареал во вторникот. Популарниот Чоло беше незадоволен од минималниот пораз на својот тим, а смета дека најголем виновник за тоа се токму арбитрите.

Според информациите од шпанските медиуми, најверојатно нема да го води Атлетико на следните четири натпревари во лигата.  Доколку му ја доделат казната, аргентинскиот стратег нема да присуствува како службено лице на натпреварите против Лас Палмас и Бетис во гости и на домашен терен против Еибар и против Атлетик Билбао.

Симеоне беше фатен од камерите во ситуација во која ги навредува судиите, но и дека ја ставил раката на главниот судија, што е недозволиво според правилата на шпанската фудбалска федерација. Исто така беше многу лут и на еден од помошниците, истакнувајќи дека неговите одлуки биле ужасни, сето тоа проследено од неколку пцовки.

Се вчитува...