Човек без образ - Вентура никогаш не рекол дека ќе даде оставка - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 21:29
Кошарка
19/11/2017 20:35
Фудбал
19/11/2017 19:59
Фудбал
19/11/2017 19:09

Човек без образ – Вентура никогаш не рекол дека ќе даде оставка

Човек без образ – Вентура никогаш не рекол дека ќе даде оставка

Џанпјеро Вентура дефинитивно нема „образ“ за да ја преземе одговорноста и да си замине од клупата на Италија, желен до крај да го одработи селекторскиот договор и да заработи уште неколку милиони без оглед на фијаското што го предизвика со непласманот на СП 2018. Дел од медиумите веднаш по неуспехот со Шведска објавија дека селекторот си заминал, но Вентура ги демантираше овие гласини истакнувајќи дека ниту еднаш не го споменал зборот „оставка“ во своите изјави по мечот на „Сан Сиро“.

Јасно е дека Вентура во најскоро време ќе добие отказ, исто како што е очигледно дека тој нема намера да си замине без да наплати отштета од 700.000 евра за предвремениот прекин на соработката.

Јас никогаш не сум го споменал зборот оставка. Реков дека за мојата иднина ќе разговарам со претседателот на федерацијата и останувам на тоа“ – порача италијанскиот стратег.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.