Чудесен пресврт на Ефес на „забавата“ на Наумоски

Анадолу Ефес во суперинтересен натпревар по голема битка успеа да слави над Емпорио Армани (90-86), во меч што ќе биде запаметен како историски поради повлекувањето на дресот на Петар Наумоски на полувремето од оваа пресметка. Турскиот гигант делуваше нокаутирано во првата четвртина што гостите ја добија со 15-27, но како што минуваше времето, така избраниците на Перасовиќ ја намалуваа предноста на противникот. На крајот на третата четвртина разликата изнесуваше само пет поени (69-74), за потоа во самиот финиш да направи целосен пресврт и да стигне до голема победа, втора во низа на Ефес во Евролигата.

Ханикат со 16 и Ертел со 15 поени беа најефикасни кај победничкиот тим, додека најдобар стрелец на италијанскиот првак беше Сандерс со 18 поени.

Реал Мадрид како гостин по голема битка славеше на гостувањето против Уникс Казан со резултат 77-81. „Кралевите“ во последната четвртина се најдоа во негатива, но со беспрекорен напад постигнаа 24 поени во последните десет минути, го свртеа резултатот во своја полза и стигнаа до победата. Лука Дончиќ оствари рекордни за него 11 асистенции на еден евролигашки натпревар, а најефикасни кај лидерот на табелата беа Рендолф со 19 и Хантер со 14 поени.

Се вчитува...