Чудото од Чешка – Естер Ледецка: Прва со две злата во два спорта!

На ниту една спортистка досега не и успеало од рака на Олимписки игри да освои два златни медали во два различни спорта. Се до денеска кога младата 22-годишна Естер Ледецка од Чешка која по сензационалното злато во алпскиот супервелеслалом, со позајмени скии од Михаела Шифрин, сега стигна и до златото во паралел-велеслалом во сноубординг.

Ледецка во големото финале ја победи Германката Селина Јорг додека брозаната замина кај уште една Германка, Рамона Тереза Хофмајстер.

Чудото од Чешка испиша историја за себе, за својата земја но и за олимпискиот спорт…

„Кога луѓето ќе помислат на нас најпрво им доаѓа Прага и пивото. Сега ќе ја знаат и Естер“ – коментираат во Чешка.

Се вчитува...