„Чудото“ од дете Лука Дончиќ – 2017 ќе ја памети како „златна“ година!

Кошаркарска 2017 година ни подари едно чудо, „чудо од дете“, кое се вика Лука Дончиќ, или за балканските кошаркарски љубители, „новиот“ Дражен Петровиќ. 18-годишниот кошаркар на Реал Мадрид го направи невозможното покорувајќи ја Европа со својата Словенија изминатава есен, и најави раѓање на нова ѕвезда на која и претстои светла иднина.

Со довербата од неговиот селектор Игор Кокошков, како и поддршката на теренот од искусниот Горан Драгиќ, Дончиќ беше незапирлив, а неговиот сон стана јаве. На патот кон бесмртноста Лука ги прегази Украина, Латвија, големата Шпанија, и на крај некогашниот сојузник, Србија. На целокупниот настап на првенството оствари просек од 14.3 поени, 8.1 скок и 3.6 асистенции по натпревар.

https://www.youtube.com/watch?v=VkwD9pYJwNg

Лука продолжи да воодушевува и во првиот дел од новата сезона во Евролигата. Носејќи го дресот на „кралевите“ Дончиќ е во „лов“ на ново одличје на стариот континет, но за тоа ќе му треба помош од целиот тим на Реал, кои засега не се во посакувана позиција по 15 одиграни натпревари. Екипата од Мадрид моментално стои на 6. позиција со скор од 9-5.

Јасно е дека Словенецот е најголемата надеж на шпанскиот тим за освојување на трофејот, па затоа токму тој е предводникот на кошаркарите на Пабло Ласо. Дончиќ бележи 18.6 поени, 5.7 скока и 4.8 асистенции по натпревар.

За Фенербахче прва – За Перо трета европска круна

Кога станува збор за Евролигата, и нашиот Перо Антиќ ќе ја памети 2017 како „златна“ година. Антиќ како член на Фенербахче ја освои својата трета европска титула во кариерата, додека за турската екипа тоа беше прв европски пехар во нивната историја. Во финалето „фенерите“ беа подобри поранешниот тим на Македонецот, екипата на Олимпијакос со која Антиќ ги освои првите два прстени.

Во финалето се задржа осум минути на теренот, во кои Антиќ забележа просечни четири поени, една асистенција и еден скок, но секако неговото искуство, и самото присуство на теренот и тоа како му послужи на Жељко Обрадовиќ, не само во финалето, туку и во текот на целата сезона.

ÅÕÑÙËÉÃÊÁ / ÔÅËÉÊÏÓ / ÖÅÍÅÑÌÐÁ×ÔÓÅ - ÏÓÖÐ / EUROLEAGUE / FINAL / FENERBAHCE - OLYMPIAKOS (LATO KLODIAN / Eurokinissi Sports) 

Се вчитува...