Да го донесете Вујо на работ на солзите: Вие сте мое семејство, вие сте мои деца!… (ВИДЕО)

Поранешниот тренер на Вардар а актуелен селектор на Словенија, Веселин Вујовиќ живее бурно Европско првенство во Хрватска. По многуте разочарувања околу судиските одлуки, и неизвесноста дали Словенија ќе остане или ќе го напушти ЕП, црногорскиот стратег доживеа и убав гост од своите ракометари.

Популарниот Вујо доби торта изненадување и славеничка песма за неговиот 57-ми роденден, кои изнудија насмевка на неговото лице доведувајќи го на работ на солзите…

„Ви благодарам многу. Горд сум и среќен што сум со вас, затоа што вие сте мое семејство, мои пријатели и мои деца. Не знам што да кажам, сакам само уште долги години да бидеме заедно“ – им се заблагодари Вујо на ракометарите и на сојузот, низ насмевка признавајќи дека и малку му е непријатно од целата ситуација…

Се вчитува...