Да се наежиш: Легија потсети на востанието во Варшава!

Навивачите на Легија повторно се надминаа себе си со најновата кореографија истакната на денешниот дуел со Астана.

Одбележувајќи го востанието во Варшава од 1 август 1944 година, фановите на полскиот првак истакнаа неверојатна кореографија со порака: За време на Варшавското востание Германците убија над 160.000 лица. Илјадници од нив беа деца.

Станува збор за една од најстрашните случки во човечката историја, кога за неколку седмици беа убиени нешто помалку од 200.000 луѓе од страна на фашистичките сили. Откако во октомври востанието целосно беше згаснато, Адолф Хитлер наредил полскиот главен град да биде целосно уништен, по што со фрлачи на пламен и тешка артилерија срамнети со земја беа 85% од вкупната територија на Варшава.

Се вчитува...