Дабовиќ живеела во „кошмар“: Ме ‘убиваше’ од ќотек, ме крадеше…

Откако пред два дена беше претепана, поранешната српска репрезентативка во кошарка Милица Дабовиќ за првпат во јавноста сега открива детали за мачната врска со Хрватот Шиме Шикилиќ – Симон.

Дабовиќ пред два дена го пријави Симон во полиција во Белград за обид за убиство, а сега за српските медиуми открива дека со месеци наназад трпела невидено насилство…

dabovic„Сега се одлучив да зборувам и јавно за сето тоа што го доживеав. Не сакам да си спомнувам, но како една поука за сите млади девојки сакам да кажам да внимаваат во кого и како се заљубуваат. Симон ме убиваше од ќотек, постојано ми крадеше и пари, постојано и психички ме малтретираше. Живеев во хорор, не сакав претходно тоа да го нагласувам затоа што се срамев, но сега веќе нема што да кријам“ – вели Дабовиќ, и дополнува:

„Молчев и затоа што мислев дека ќе се промени. Но, место тоа, стануваше се побрутален“.

Медиумите од Србија објавија и први фотографии на Дабовиќ по нападот од своето поранешно момче.

Но, по седум часа минати на испитување во полиција, Симон излезе во јавноста и со своја верзија на настанот. Тој вели дека Дабовиќ не можела да помине преку фактот дека тој ја оставил, и таа е таа која го нападнала тој ден.

Се вчитува...