Даглас Коста: Дојдов во Јувентус бидејќи е победнички тим

Даглас Коста дефинитивно ќе биде огромно засилување за тимот на Јувентус во новата сезона, откако бразилскиот крилен офанзивец пристигна на двогодишна позајмица од редовите на Баерн Минхен. Тој денеска официјално беше претставен како нов играч на „старата дама“, при што откри која била главната причина поради што од бројните понуди на негова адреса ја избрал токму онаа на најтрофејниот италијански клуб.„Она што ме воодушевува е што Јувентус е победнички тим, колектив што секогаш оди на триумф. Имаат извонредна екипа и сакаат да бидат уште подобри, јас сакам да се развивам како игра, затоа сметам дека сме совршена комбинација еден за друг. Крај себе повторно ќе имам врвни соиграчи. Може ли Игуаин со мене да даде 40 гола? Сигурно, јас сум тука за да помогнам да бидеме што поефикасни, а Гонзало е голгетер што лесно ги реализира шансите што му се креираат“ – истакна Даглас Коста.Тој не ја доби шансата што ја заслужуваше во Баерн Минхен минатата сезона, но Бразилецот сепак не кажа ниту еден лош збор за својот довчерашен клуб.„Карло Анчелоти е одличен тренер и добар човек, немам ништо против него. Не сум лут на никого во Баерн, тоа е клуб во кој минав прекрасни моменти. Сакам само да помогнам Јуве да покаже дека бил во право што верувал во мене, но и да напредувам во кариерата“ – изјави Коста. 

Се вчитува...