Даглас Коста и Инаки Вилијамс на радарот на Јувентус

Масимилијано Алегри уште од сега е во потрага по нови играчи за неговиот тим, а се чини дека веќе ги најде потенцијалните летни засилувања. Kрилото на Баерн Минхен, Даглас Коста кој веќе две години брилјира за германскиот шампион е една од главните цели на Алегри. Бразилскиот репрезентативец e константна опасност и главоболка за противничката одбрана, креативец кој знае и да погоди и да асистира, би било одлично зајакнување на дуото Игуаин-Дибала во нападот.

Со оглед на тоа дека Баерн за услугите на Коста плати 30 милиони евра, Јувентус ќе треба широко да го отвори паричникот доколку сакаат Бразилецот да го облече нивниот дрес.

Покрај Даглас Коста, Јуве се спремни да исплатат астрономска сума за уште еден експлозивен играч, а тоа е сензацијата на Атлетик Билбао, Инаки Вилијамс. 22-годишниот напаѓач има откупна клаузула од 50 милиони евра, што е можеби премногу за напаѓач кој сезонава на 26 натпревари во домашното првенство има само два гола. Но, пред него е цела фудбалска кариера во која ќе добива безброј шанси да се докаже, а преселба во Јувентус може да донесе позитивни работи.

Младиот Шпанец во неколку наврати беше поврзуван со Ливерпул. Клоп е голем фан на неговата игра и изрази желба дека го сака во неговиот состав.

Се вчитува...