Дамчевска со прв список на ракометарки за ЕХФ шампионатот во Скопје

ВД Селекторот на женската кадетска репрезентација на Македонија, Јулијана Дамчевска, го објави списокот од 25 ракометарки кои ги повика за првиот собир од подготовките за ЕХФ Шампионатот што ќе се игра во Скопје од 31 јули до 6 август 2017 година.Собирот ќе се одржи во вторник (30 мај 2017 година) со почеток од 20:00 часот во Спортската сала „Автокоманда“ во Скопје.Натпреварите од ЕХФ Шампионатот ќе се играат во СРЦ „Кале“ во Скопје во периодот од 31 јули до 6 август, а ќе настапат вкупно 10 репрезентации поделени во две групи. Македонија се наоѓа во групата А заедно со селекциите на Полска, Швајцарија, Грција и Фарски Острови. spisok mladi rkaomet

Се вчитува...