Дамјан: Поддршката од „Фемили“ добро ќе ни дојде

МЗТ Скопје денеска го одработе единствениот тренинг под водство на новиот тренер Жељко Лукаиќ, кој нема многу време за да ги пренесе своите замисли врз кошаркарите бидејќи веќе утре го очекува важниот дуел од АБА-лигата против Морнар. Во една таква ситуација, на кошакарите им е јасно дека ќе мора да заиграат далеку подобро отколку досега, а дополнителен мотив за „сино-белите“ сигурно ќе биде враќањето на „Фемили Аеродром“ на трибините во СЦ „Јане Сандански“.

„Ова е натпревар што едноставно мораме да го добиеме бидејќи во спротивно би се нашле во исклучително тешка ситуација во АБА-лигата. Немаме многу време за запознавање со новиот тренер, но тоа не смее да биде пречка за да одиграме најдобро што можеме. Против себе имаме квалитетен тим со одлични поединци, на кој не смееме да му дозволиме да го наметне својот ритам. Враќањето на нашите најверни навивачи и нивната поддршка и тоа како добро ќе ни дојде, сигурен сум дека со нивна помош ќе почнеме да се враќаме на победничките патеки“ – изјави капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски.

Се вчитува...