Дамјан: За сите промени треба време, овој трофеј ќе ни ја зголеми самодовербата

Дамјан Стојановски може да биде горд на себе и на своите соиграчи за покажаниот квалитет и карактер на вечерашното финале со Работнички (76-67) и освоениот Купот на Македонија. Поголемата борбеност и поцврстата одбрана според капитенот на МЗТ била најзначајните разлики и клучните фактори во битката за првиот трофеј сезонава.

„После сите случувања во оваа сезона што ја стартувавме лошо, овој Куп ни даде можност да се кренеме како екипа, пред се во играта во одбрана, да играме далеку попожртвувано. Верувам дека со ваков пристап ќе бележиме многу подобри резултати до крајот на сезонава. Имавме доста промени во текот на сезоната, како во стручниот штаб, така и во играчкиот ростер, за секои промени потребно е време за кошаркарите да ја прифатат и да почнат да ја применуваат филозофијата што ја бара новиот тренер од нив. Овој трофеј е за нас значаен бидејќи ќе ни ја врати самодовербата пред претстојните предизвици, пред се одбраната на титулата што е многу значајна за нас. Ова денеска беше вистински празник на кошарката, МЗТ и Работнички одиграа одличен меч, би било убаво кога би се сретнале и во финалето од плејофот“ – изјави Дамјан Стојановски.

Се вчитува...