Дамњановиќ си оди од Вардар, следните две години во унгарски Шиофок - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Останато
29/04/2017 23:48
Тенис
29/04/2017 17:08
Ракомет
28/04/2017 21:43
Фудбал
28/04/2017 20:02

Дамњановиќ си оди од Вардар, следните две години во унгарски Шиофок

Дамњановиќ си оди од Вардар, следните две години во унгарски Шиофок
Како што беше познато и од претходно, српската интернационалка Сања Дамњановиќ го напушта Вардар по крајот на сезоната, сега и официјално познато дека кариерата ќе ја продолжи во унгарскиот Шиофок.
„Потпишавме двегодишен договор со Сања Дамњановиќ од Србија која во моментов е член на Вардар од Скопје“ – информираат од Шиофок.
„Знам дека во Унгарија доаѓам во една од најсилните во Европа. Моја цел е да продолжам да играм на високо ниво и да помогнам тимот во следната сезона да ги реализира своите цели“ – вели Дамњановиќ за официјалната интернет страница на унгарскиот клуб.

Македонскиот шампион неодамна ја продолжи соработката со неколку ракометарки. Во таборот на „црвено-црните“ за наредната сеозна сигурно остануваат Андреа Кликовац, Андреа Лекиќ, Барбара Лазовиќ, Татјана Хмирова и Александра Лакрабер. Нови имиња од следната сезона ќе бидат српските пикери Драгана Цвијиќ и Марија Петровиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.