Дани Алвеш: Дојдов во ПСЖ за да ја освоиме Лигата на шампионите

Бразилскиот интернационалец Дани Алвеш денеска беше презентиран како најново засилување на францускиот клуб Пари Сен Жермен. Иако имаше најави дека ќе се пресели во Премиер – лигата и ќе го носи дресот на Манчестер сити, сепак, десниот бек пристигна во Париз.

„Дојдов во ПСЖ за да ја освоиме Лигата на шампионите. Ова е навистина реномиран клуб, со проект кој воодушевува. Две сезони ме поврзуваа со трансфер во ПСЖ, а ова лето се случи – трета среќа. Му благодарам и на Максвел, кој ме убеди да дојдам во Париз. Се надевам дека ќе имаме заедно многу среќни моменти. Јас имам уште многу да му дадам на фудбалот, се чувствувам многу млад кога е фудбалот во прашање“, изјави Дани Алвеш.

Бразилецот потпиша двегодишен договор со ПСЖ, до јуни 2019 година.

Се вчитува...