Дани Алвеш откри што ќе добијат од Ањели ако ја освојат ЛШ: По едно ферари!

Љубителите на фудбалот без сомнение со нетрпение го очекуваат вечерва во Кардиф големото финале од Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Реал Мадрид.

Многумина се убедени дека не очекува спектакуларен натпревар. Јувентус има можност со тројна круна да ја заврши сезоната, додека „кралскиот клуб“ со оваа титула би станал првиот клуб во историјата на ова натпреварување кој го одбранил трофејот.

Мотивации за денешниот меч има и повеќе од доволно. Но, претседателот на Јувентус Андреа Ањели пронајде уште еден начи за дополнително да ги мотивира своите фудбалери. Иако, веројатно, не сакаше оваа вест да продре до јавност, на крајот Дани Алвеш му ги расипа плановите.

„Претседателот на клубот, Андреа Ањели ни вети дека на секој фудбалер ќе ни купи ново Ферари доколку стигнеме вечерва до трофејот во Лигата на шампионите. Секако тоа е огромен мотив. Барем за мене“ – рече Алвеш.

Се вчитува...