Дани Себалјос го протна Реал против Алавес

Реал Мадрид успеа да се врати на победнички патеки откако со многу мака го совлада Алавес на гости со 1-2. Двоен стрелец за „кралевите“ беше младиот играч за врска Дани Себалјос, кој доби шанса од Зинедин Зидан на оваа средба и ја искористи во потполност.

Но, „кралскиот клуб“ стравуваше за победата. Алавес двапати ја погоди рамката од голот на Кејлор Навас, иако и тимот на Зидан го стори истото. Сепак, евидентно е дека Реал Мадрид се уште нема да ја надмине во целост кризата за реализација на создадените шанси пред противничкиот гол.

Погодокот за Алавес беше дело на Гарсија во 40.минута од средбата.

Alaves VS Real Madrid 1-2 – All Goals… by goalsarena2017

Се вчитува...