Данило оди од Реал во Интер за 30 милиони евра

Данило пристигна од Порто во Реал Мадрид како огромно засилување за отштета од 31,5 милиони евра, но бразилскиот репрезентативец воопшто не ги оправда очекувањата на „кралскиот клуб“. Тој најпрвин играше под задоволително ниво, а потоа беше преселен на клупата по што се уште важи за втора опција на позицијата десен бек, за Дани Карвахал.

Данило не крие дека би сакал да настапува за клуб каде ќе биде стандарден првотимец, а според последните информации таа желба ќе му се исполни – со трансфер во Интер. Радиото „Кадена дел сер“ објави дека „кралскиот клуб“ веќе се договорил со италијанскиот прволигаш за деталите од овој трансфер, од кој Реал речиси ќе си ја врати целата сума што ја плати пред две години. Имено, „нероаѕурите“ се согласиле да платат 30 милиони евра (25 милиони, плус пет преку неколку клаузули) за со Данило да почнат да ја „реновираат“ својата одбранбена линија.

Трансферот би требало да биде официјализиран непосредно по големото финале од Лигата на шампионите, а за очекување е Данило да се најде во стартниот тим на Реал против Јувентус, со оглед на фактот дека Карвахал се уште е повреден.

Се вчитува...