Данците задоволни: Супер е во Скопје, хотелот е на пет метри до стадионот

Данскиот првак ФК Копенхаген пристигна во Скопје, во пресрет на утрешниот прв натпревар против Вардар, во рамките на третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Сместени се во хотелот „Парк Хотел и Спа“, на неколку метри од самата „Телеком Арена“ каде утре, со почеток во 20 часот, ќе се одигра дуелот против „црвено-црните“.

kopenhagen 2

„Имавме пријатен лет, во Скопје е жешко, но, според очекувањата, околу 35-40 степени Целсиузови. Но, супер е самиот факт дека хотелот во кој сме сместени е само на неколку метри од стадионот“, им открива ФК Копенхаген на своите фанови во Данска.

ФК Копенхаген денешниот официјален тренинг ќе го одработи на комплексот на ФФМ, со почеток во 18 часот, а половина час претходно тренерот Стале Солбакен ќе одржи и прес – конференција, во пресрет на утрешниот меч со Вардар.

Се вчитува...