Дарио Ивановски наш единствен атлетичар на Светското првенство во Бирмингем

Македонската атлетика на Светското атлетско првенство во сала кое овој викенд се одржува во Бирмингем, Велика Британија, ќе биде претставувана единствено од најдобриот наш атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски.

Ивановски ќе настапи во трката на 1.500 метри која на програмата на шампионатот е утре со почеток од 12:15 часот…

„Ова е ново големо искуство за мене, настапот со светската елита и извонредна проверка до каде сум во овие рамки. Верувам дека може да стигнам до мој најдобар резултат на оваа патека“ – ни изјави Ивановски пред утрешниот свој настап кој во Бирмингем е заедно со својот тренер, Игор Јакимовски.

„Имаме успешен период зад нас. Одличниот настап на Балканското првенство во Истанбул ни дава за право да веруваме дека и тука во Бирмингем можеме повторно до време со кое Дарио само ќе го потврди својот извонреден развој како една од најголемите надежи на македонската атлетика“ – вели Јакимовски.

Ивановски на шампионатот за трката на 1.500 метри е пријавен со време од 3:52.59 минути, поставено на 27. јануари оваа година во Софија.

Се вчитува...