Дарио Ивановски со личен рекорд на 1.500 метри на Отвореното првенство во Бугарија

Најдобриот македонски млад атлетичар, Дарио Ивановски имаше свое најдобро остварување на трката на 1.500 на Отвореното првенство во сала за јуниор(к)и до 20 години кое викендов се одржува во Софија, Бугарија.

Ивановски трката на 1.500 метри ја истрча во време на личен рекорд од 3:52.59 минути, само како повеќе од добра најава за она што го очекува пролетва на интернационалната сцена. Заврши на втората позиција зад Бугаринот Митко Ценов кој е балкански и европски шампион на оваа патека.

Дарио не успеа да го собори македонскиот рекорд (3:51.55) на Ване Стојанов од 1997 година за само една секунда

Натпреварувањето во Бугарија беше и, меѓу другото, во рамките на подготовките за Светското првенство во сала кое од 1. до 4. март ќе се одржи во Бирмингем, Велика Британија, но и Балканското првенство кое треба да се одржи во Истанбул каде ќе трча на 3.000 метри.

Се вчитува...