Дарко Стојанов ја засилува одбраната на Ренова

По ангажманот на Дејан Цветаноски од Победа, Ренова ги засили своите редови и со централниот дефанзивец Дарко Стојанов.

27-годишниот Стојанов изминатава полусезона настапуваше за второлигашот Борец Велес, од каде сега се сели во редовите на Ренова. Стојанов потекнува од фудбалската школа на Вардар а во својата кариера има настапувано и за штипска Брегалница, како и за бугарскиот тим Дунав Русе.

„Гипсарите“ веќе ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од шампионатот. Тимот на Влатко Костов централните подготовки, кога и ќе бидат одиграни неколку пријателски натпревари, ќе ги одработи во Охрид.

Се вчитува...