Давид Дејвис Камара е нов тренер на ЖРК Вардар - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
25/05/2017 21:10
Коментари
25/05/2017 18:53
Фудбал
25/05/2017 14:47
Кошарка
25/05/2017 12:01

Давид Дејвис Камара е нов тренер на ЖРК Вардар

Давид Дејвис Камара е нов тренер на ЖРК Вардар

Давид Дејвис Камара пристигна во Скопје заедно со Раул Гонзалес како негов прв асистент. Кратко потоа, доби понуда да го води и женскиот тим на Вардар. По отказот на Индира Кастратовиќ и обидот на ново тренерско трио на клупата, раководството на актуелниот шампион одлучи да му ги врачи клучевите од ферарито на Камара.

’Примопредавањето на клучевите’ го изврши сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко, кој претходно го водеше тимот до првата победа во рамки на Лигата на шампиони велејќи дека Камара е најдоброто решение за тимот.

„Благодарен сум му на Самсоненко и на сите што веруваа во мене за укажаната доверба. Сега треба полека, со тек на време да ги консолидираме работите. Исто така, сакам да му се заблагодарам и на Раул Гонзалес поради кој дојдов во Скопје и во Вардар. Со него бев цели 18 години, како соиграч и како негов помошник, а ете сега ќе бидам и тренер. Што се однесува до дуелот со Астраханочка тоа е една млада и агресивна екипа која влегува во мечот како да нема што да изгуби. Ние пак од друга страна мораме да ги победиме сите домашни натпревари, но како што кажав ни претстои многу работа, но со ред, чекор по чекор“ – истакна Камара.

Своето деби како официјален тренер на клупата на женскиот тим на Вардар, Камара ќе го има веќе в сабота на дуелот против Астраханочка  (17.30ч.)

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.