Давид Дејвис: Се обидовме, но не бевме фокусирани на мечот

Вардар го претрпе првиот пораз во Лигата на шампионите сезонава. Воедно, ова е и прв пораз за „црвено-црните“ откако Давид Дејвис ја презеде клупата, по фантастичната серија од осум победи по ред. Поразот дојде во тежок момент за целиот тим на Вардар поради семејната трагедија што и се случи на Андреа Кликовац чиј татко почина ненадејно денеска во Скопје.

„Ова беше тежок меч и тежок ден за нас, за тоа што се случи пред мечот со ненадејната смрт на таткото на Андреа Кликовац. Се обидовме да одиграме добро. Но, едноставно не можевме да бидеме фокусирани на мечот. Се обидувавме во текот на целиот натпревар да играме. Но, кога не си комлетно фокусиран, не можеш да победиш во ваков натпревар. Ова е наш прв пораз, не треба да се сфати трагично. Ништо не е загубено. Одиме понатаму, продолжуваме со работа да се подготвиме за она што не очекува во следниот дуел со Мец“ – изјави по натпреварот тренерот на Вардар, Давид Дејвис.

Се вчитува...