Давид Митов конечно се враќа на терените: Од недела на голот на Норчепинг

Конечно има ли крај на едногодишната сага на македонскиот репрезентативен голман Давид Митов-Нилсон!?

Митов околу една година е надвор од фудбалските терени по континуираните повреди кои го оддалечија и од дресот на македонската репрезентација. Изминатиов период активно течеше рехабилитацијата, па по последните тренинзи од стручниот штаб на шведскиот Норчепинг веќе очекуваат негово враќање на голот.

Според најавите и на дел од шведските медиуми, Митов-Нилсон повторно на голот на Норчепинг би можел да се врати веќе во недела, 21. мај, на гостувањето на неговиот тим против Малме во шведскиот шампионат.

Доколку се биде во ред со неговиот кам-бек, се очекува Давид Митов да биде во комбинација и за настап на натпреварите на репрезентацијата на Македонија на почетокот од јуни, против Шпанија во квалификациите за СП 2018 и на планираниот пријателски натпревар со Турција, кој се уште не е официјално потврден.

Се вчитува...