Давитков го скрати списокот: Со Трајковски и Костоски, без Чековски

Селекторот на националната селекција во машка сениорска конкуренција, Јорданчо Давитков, го скрати списокот на кошаркари повикани за првиот собир на репрезентацијата која продолжува со натпреварувањето во претквалификациите за Евробаскет 2021. Во однос на поширокиот список во скратената верзија го нема искусниот Ѓорѓи Чековски, но за разлика од претходните две квалификациски средби селекторот Давитков на располагање ќе ги има Бојан Трајковски и Александар Костоски, кои поради повреда не настапија на стартот од овој циклус.

На списокот се најде и Ричард Хендрикс, иако американскиот кошаркар поради болест најверојатно ќе го пропушти овој двомеч.

Првиот собир репрезентативците ќе го одржат в среда (21. февруари) во СЦ „Јане Сандански“ во 17:00 часот. Во истата сала, в недела (25. февруари) со почеток во 20.15 часот сениорите ќе го одиграат третиот натпревар од првата рунда во рамки на претквалификациите со Словачка, против која славевме на гостински терен во ноемврискиот прозорец.

  1. Војдан Стојановски (Бујукчекмеџе)
  2. Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје)
  3. Александар Костоски (Питешти)
  4. Дарко Соколов (МЗТ Скопје)
  5. Адем Мекиќ (Куманово)
  6. Бобан Стајиќ (Куманово)
  7. Андреј Магдевски (Гостивар)
  8. Ненад Димитријевиќ (Хувентуд)
  9. Димитар Караџовски (Куманово)
  10. Стојан Ѓуроски (Блокотехна)
  11. Бојан Трајковски (МЗТ Скопје Аеродром)
  12. Кирил Николовски (Работнички)
  13. Љубомир Младеновски (Илирија Љубљана)
  14. Бојан Крстевски (Работнички)
  15. Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
  16. Ричард Хендрикс (Галатасарај)

Се вчитува...