Давитков: Не бевме ние нецивилизирани, судиите беа трагични…

Селекторот на Македонија, Јорданчо Давитков ги отфрла обвинувањата дека нашите кошаркари се однесувале нецивилизирано за време на денешниот дуел со Словачка кој беше прекинат во третата четвртина, при водство на „црвено-жолтите“ од 58-54. Тој вината ја гледа кај арбитрите од Словачка кои како на вчерашниот, така и на денешниот меч биле далеку од неопходното ниво за нормален натпревар.

Никогаш не сум бил тренер што бара алиби, тоа нема да го правам ни сега, но арбитражата вчера беше катастрофална. Тоа создаде нервоза кај кошаркарите и на денешниот натпревар, откако повторно судиите не санкционираа силни удари врз нашите играчи, а на спротивната страна свиреа и кога немаше контакт. Нормално беше да се биде тензичен, но да се каже дека Македонците се однесувале нецивилизирано, тоа е далеку од самата вистина. Ние ги издржавме сите неправди, се со цел да не се фрла дамка, и покрај се имавме водство, за на крајот самите судии да решат да го прекинат мечот поради нашите протести по техничките грешки на Тасовски и на Костоски, кои следеа по брутален старт врз Тасовски што не беше санкциониран. Тврдам дека мечот можеше да се доигра без никаков проблем, но на судиите им беше полесно да го прекинат“ – истакна Давитков.

Македонските кошаркари се враќаат назад во татковината, каде во Скопје во периодот од 20 до 22 јули ќе бидат домаќини на „Трофеј Македонија“, на кој уште ќе учествуваат Холандија, Португалија и БиХ.

Се вчитува...