Давитков со поширок список: Без Симоновски, но со Антиќ, Мекејлеб, Хендрикс…

Селекторот на македонската репрезентација, Јорданчо Давитков, го објави поширокиот список на кошаркари кои ќе бидат во предвид на стартот од претквалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2021. Кормиларот на националниот тим ги вклучи и Перо Антиќ, но и натурализираните Лестер Бо Мекејлеб, Ричард Хендрикс и Џордан Теодор, иако според првичните информации тие нема да бидат дел во овој циклус, Антиќ и Теодор поради војната на ФИБА и евролигашките клубови, додека Мекејлеб бидејќи нема клуб од стартот на оваа сезона.

Изненадувачки, на списокот го нема Марко Симоновски, чија повреда во периодот кога играчите по вина на МКФ не беа осигурани предизвика бура од реакции. Шутерот се рехабилитираше од повредата и веќе почна со настапи за МЗТ Скопје, но Давитков нема да смета на него, исто како и на Предраг Самарџиски, кој повторно како изговор ја наведува повредата и рехабилитацискиот процес.

Првиот натпревар Македонија го игра на гостински терен, против Словачка, на 23. ноември. Во рамките од второто коло, три дена подоцна, нашиот национален тим на домашен терен ја пречекува Швајцарија во СЦ „Јане Сандански“.

СПИСОК

  1. Перо Антиќ (Црвена Звезда)
  2. Војдан Стојановски (Бујукчекмече)
  3. Ѓорѓи Чековски (Работнички)
  4. Ненад Димитријевиќ (Хувентуд)
  5. Стојан Ѓуроски (Карпош Соколи)
  6. Марјан Јанески (Куманово)
  7. Димитар Караџовски (Куманово)
  8. Александар Костоски (Питешти)
  9. Бојан Крстевски (Работнички)
  10. Андреј Магдевски (Фени Индустри)
  11. Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
  12. Адем Меќиќ (МЗТ Скопје Аеродром)
  13. Љубомир Младеновски (Илирија)
  14. Кирил Николовски (Карпош Соколи)
  15. Предраг Самарџиски (Мега Бемакс)
  16. Дарко Соколов (Карпош Соколи)
  17. Бобан Стајиќ (МЗТ Скопје Аеродром)
  18. Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
  19. Диме Тасовски (Гостивар)
  20. Бојан Трајковски (МЗТ Скопје Аеродром)
  21. Лестер Бо Мекејлеб
  22. Ричард Хендрикс (Галатасарај)
  23. Џордан Теодор (Олимпиа Милано)
  24. Марко Дујковиќ (Блокотехна)

Се вчитува...