Давитков со проширен список за вториот дел од претквалификациите за ЕП

Селекторот на машката кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков излезе со поширокиот список на кошаркари повикани за вториот циклус во рамки на претквалификациите за Евробаскет 2021.

Во овие квалификации Македонија ќе одигра само еден натпревар на домашен терен, против селекцијата на Словачка која во претходната средба ја совладаа на гостински терен со 66-74. Натпреварот ќе се одигра во недела, 25. февруари, со почеток во 20:15 чласот во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Список:

  1. Војдан Стојановски (Демир Инсаат Бујукчекмеџе)
  2. Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
  3. Александар Костоски (БЦМУ Питешти)
  4. Дарко Соколов (МЗТ Скопје Аеродром)
  5. Адем Мекиќ (Куманово)
  6. Бобан Стајиќ (Куманово)
  7. Андреј Магдевски (Гостивар)
  8. Ненад Димитријевиќ (Хувентуд)
  9. Димитар Караџовски (Куманово)
  10. Стојан Ѓуроски (Блокотехна)
  11. Диме Тасовски (Гостивар)
  12. Бојан Трајковски (МЗТ Скопје Аеродром)
  13. Марко Симоновски (МЗТ Скопје Аеродром)
  14. Кирил Николовски (Работнички)
  15. Ѓорѓи Чековски (Работнички)
  16. Љубомир Младеновски (Илирија Љубљана)
  17. Бојан Крстевски (Работнички)
  18. Александар Штерјов (Куманово)
  19. Марјан Јанески (Куманово)
  20. Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
  21. Ричард Хендрикс (Галатасарај)
  22. Лестер Бо Мекејлеб (Сарагоса)
  23. Џордан Теодор (Армани Милано)

Се вчитува...