Давитков: Тешките ситуации создаваат јаки личности!

Македонската кошарка изминативе години се соочува со еден од најтешките периоди во својата историја. Сето тоа лето беше надополнето и со дебаклот кој го доживеа нашиот национален тим кој не успеа да ги мине претквалификациите за СП 2019, освојувајќи го третото место во групата со Естонија и Косово.

Jordanco DavitkovОгромно е разочарувањето кај македонската спортска јавност по сите случувања, но селекторот Јорданчо Давитков очигледно сака да остане со позитивна мисла околу иднината на македонската кошарка, верувајќи дека може и да се најде „светлината на крајот на тунелот“…

По вчерашната победа на Косово над Естонија која значеше крај на нашите надежи за продолжување во квалификациите за СП 2019, Давитков на својот фејсбук профил објави порака: „Тешките ситуации создаваат јаки личности“.

Се вчитува...