Де Бјази го презема Алавес по дуелот со Реал?

Италијанскиот стратег Џани Де Бјази ќе го преземе кормилото на шпанскиот прволигаш Алавес, открива весникот „Ас“. Тој треба да го наследи Луис Зубелдиа, кој доби отказ по слабиот старт на сезоната со тимот на Алавес.

Раководството на клубот мораше да реагира по петте порази во Ла Лига без постигнат гол, а за привремен тренер е поставен Хави Сабелјо. Алавес утре го пречекува „ранетиот“ Реал Мадрид, кој во минатото коло загуби од Бетис на „Сантијаго Бернабеу“.

Шпанските медиуми информираат дека Џани де Бјази овој меч ќе го следи од трибините, а од понеделник и официјално треба да започне со работа во Алавес. Тој претходно беше селектор на Албанија, и ја одведе оваа репрезентација на Европското првенство во 2016 година. Во кариерата ги има водено и италијанските клубови Бреша, Торино и Удинезе.

Се вчитува...