Де ла Хоја се враќа во рингот – за борба со Мекгрегор

Легендарниот боксер Оскар де ла Хоја најави дека е подготвен за враќање во рингот – десет години откако ја заврши својата кариера. Желба на овој поранешен шампион е да ги одмери силите со Конор Мекгрегор, убеден дека „по кратка постапка“ ќе може да ја реши УФЦ-ѕвездата, доколку Мекгрегор прифати нов боксерски предизвик по поразот од Мејведер.

„Знаете дека сум во форма, дека се уште го имам она боксерското во себе. Тајно тренирав, се чувствувам побрзо, помоќно од претходно. Сакам борба со Мекгрегор, би се вратил само за таа борба. Ќе ми требаат две рунди за да го нокаутирам“ – изјави Де ла Хоја.

Останува да се види дали оваа најава за супер-борба ќе се реализира, па мексиканскиот ас (поседува и американски пасош) ќе се најде во рингот со Мекгрегор.

Се вчитува...