Дебакл: Куманово замрзна на „минус 29“ во Стара Загора - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Коментари
25/09/2017 12:12
Фудбал
25/09/2017 11:31
Фудбал
25/09/2017 11:43
Ракомет
25/09/2017 9:58

Дебакл: Куманово замрзна на „минус 29“ во Стара Загора

Дебакл: Куманово замрзна на „минус 29“ во Стара Загора

Куманово има само теоретски шанси да се закити со титулата во БИБЛ откако македонскиот вицешампион претрпе преубедлив пораз од 84-55 на гостувањето во Стара Загора против Берое. Бугарскиот тим важеше за фаворит во пресрет на ова финале, но кумановци прерано капитулираа, уште по првото полувреме губеа со дваесетина поени, па сега се наоѓаа пред премногу тешка задача на реваншот на домашен терен да ја надополнат огромната негатива.

Домаќините делуваа максимално мотивирано уште од самиот почеток на натпреварот, но кумановци во првите минути успеваа да ги неутрализираат нивните налети. Во седмата минута резултатот гласеше 12-9 за Берое, за бугарскиот тим да влезе во серија во финишот од четвртината и по десет минути игра резултатот гласеше 21-12. Шутот воопшто не ги служеше избраниците на Марјан Србиновски, кои погодија само еден од десетте упатени шутеви од далечина. На спротивната страна бугарскиот состав во втората четвртина уште повеќе го засили ритамот, за што гостите од Македонија немаа одговор, па втората четвртина заврши со преубедливи 46-25 за Берое.

Во ситуација кога прашањето на победникот беше решено, кошаркарите на Берое рутински ја одржуваа предноста до самиот крај. Кумановци се обидоа барем да се приближат, но не само што не успеаја во тоа, туку и разликата се зголеми, па ова прво финале заврши со огромни 29  поени за бугарскиот прволигаш, сведувајќи ги на теорија шансите на кумановските „сино-бели“ за закитување со трофејот во БИБЛ.

Караџовски со 14 поени беше најефикасен кај Куманово, пред Живановиќ со 13, додека Јанески постигна за него скромни седум поени. Најдобар поединец во финалето беше Американецот Гибсон во редовите на Берое, кој го заврши денешниот натпревар со 25 поени, осум скока, четири асистенции и четири украдени топки.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.