Дебакл на Лејкерси во Далас, Кари го помина Стојаковиќ (ВИДЕО)

Кошаркарите од Лос Анџелес Лејкерс одамна не се во посакуваната форма, за што говори и нивниот последен пораз. „Езерџиите“ синоќа замрзнаа на минус 49 на гости кај Далас кои сè уште се обидуваат да се одвојат од дното на табелата во Западната конференција. Фини Смит со 33 поени беше видно најрасположен за игра додека Сет Кари запиша 27 поени. По 26 имаа Барнс и Вилијамс. Инграм на спротивната страна постигна 36 поени.

Стеф Кари заедно со Клеј Томпсон ги предводеа „воините“ до нова победа од 118-98 во Орландо. Кари постигна 27 поени за 29 минути, седум пати беше прецизен зад линијата за три поени што му овозможи да го надмине Пеџа Стојаковиќ на вечната листа на ’тројкаши’ во НБА лигата. Сега Кари е на 13. место, а за го надмине Рашард Луис ќе му требаат уште 24 уфрлени тројки.

[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/540985d69915da34385d33c9fa401b99.mp4″]РЕЗУЛТАТИ:Торонто – Феникс 103-115Минесота – Денвер 111-108

Се вчитува...