Деби-гол на Лингард за Англија, „лалињата“ никако да процветаат

Серијата слаби игри на холандската репрезентација продолжи и под водство на новиот селектор Роналд Куман, откако „лалињата“ вечерва загубија на домашен терен од Англија со минимални 0-1.

И двете селекции прикажаа игра под своите можности, но Англичаните сепак успеаја да стигнат до победата благодарение на Џеси Лингард. Фудбалерот на Манчестер јунајтед одлично се снајде во 59. минута, прифаќајќи една одбиена топка и со прецизен удар од работ на шеснаесетникот сместувајќи ја во мрежата, за свој прв гол во дресот на „гордиот албион“.

Треба да се истакне и дека повреда на самиот почеток од мечот заработи англискиот дефанзивец Џо Гомез, кој веднаш мораше да биде заменет.

Се вчитува...