Дебитантот Колев: Нема ниту да го прецениме, ниту да го потцениме Тунис - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
23/06/2017 23:11
Фудбал
23/06/2017 22:38
Фудбал
23/06/2017 22:44
Ракомет
23/06/2017 21:27

Дебитантот Колев: Нема ниту да го прецениме, ниту да го потцениме Тунис

Дебитантот Колев: Нема ниту да го прецениме, ниту да го потцениме Тунис

mec baner

Кирил Колев со години наназад е дел од домашната ракометна сцена, но дури сега, на 38-годишна возраст, добива шанса да ги покаже своите квалитети и на репрезентативен план. Селекторот Червар приреди големо изненадување со целосен „ремонт“ на голманската позиција, па по неповикувањето на Борко Ристовски и „кратењето“ на Никола Митревски, сега токму Колев заедно со Благојче Трајковски ќе ја има одговорната задача да ја чува мрежата на Македонија од налетите на ракометарите на Тунис, Шпанија, Словенија… Честа со себе дефинитивно носи и огромна одговорност.

И покрај сето искуство што го имам собрано, чувството да се настапи на едно големо натпреварување, да се биде дебитант на еден мундијал, е неверојатно. Знам дека честа носи и голема обврска, јас сум подготвен да сторам се за да помогнам да дојдеме до посакуваните резултати. Моите лични очекувања и желби се слични со поголемиот дел од репрезентативците – да се пласираме во вториот круг. Ако успееме да го повториме или подобриме пласманот од последниот мундијал, тоа ќе биде голем успех за нас“ – изјави Колев.

Веднаш откако се најде на поширокиот список на Червар, Колев истакна дека притисокот на овој мундијал ќе биде врз голманите, поради коренитите промени на овој дел од тимот. По одработените подготовки во Маврово, тој е оптимист дека играта во дефанзива ќе биде на посакуваното ниво.

Се надевам дека голманите и одбраната ќе бидат посилниот дел од тимот. За победа на еден натпревар на Светското првенство треба одбраната да функционира беспрекорно, верувам дека ние сме подготвени за тој предизвик“ – истакнува Колев.

Првиот предизвик за нашиот национален тим е пресметката со Тунис, селекција која вообичаено ни создава огромни проблеми во меѓусебните пресметки.

Не постои страв од Тунижаните, го респектираме противникот, но нема ниту да го прецениме, ниту да го потцениме. Македонија ќе излезе на терен за да се надигрува со сите противници и да се обиде да дојде до позитивен резултат. Главната опасност доаѓа од бековската тројка, која ни создаде многу проблеми на последниот меч во Гдањск. Ќе се обидеме со агресивна одбрана да ги натераме на избрзани шутеви и технички грешки“ – вели Колев за крај на разговорот за Екипа.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.