Дедиќ бесен на АБА: Карпош не е ничија „овца за шишање“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
25/07/2017 22:15
Фудбал
25/07/2017 22:59
Фудбал
25/07/2017 22:28
Фудбал
25/07/2017 21:52

Дедиќ бесен на АБА: Карпош не е ничија „овца за шишање“

Дедиќ бесен на АБА: Карпош не е ничија „овца за шишање“

Претседателот на Карпош соколи, Огнен Дедиќ, во интервју за клупската веб-страница остро го критикуваше челниците на АБА-лигата за односот кон македонскиот вицепрвак. „Соколите“ минатата сезона платија 150.000 евра за вајлд-карта за да бидат дел од „јадранското семејство“, за да останат разочарани уште пред крајот на сезоната, кога беше обелоденето дека лигата станува „затворена“ и во неа ќе има место само за екипите што ја формираа една година претходно.

Измамени сме од АБА, тоа е вистината. Криминалците што ја водат лигата мислеа дека нашле ‘овца за шишање’ на која ќе ѝ земат 150.000 евра колку што плативме за вајлд-картата и веднаш ќе ја испаднат. Ама ги изненадивме со добрите партии и победи и мораа да почнат со валканите игри и со опструкции со судиите. Парите редовно ги плаќавме на рати и дека не ги исплативме целосно константно нѐ лажеа, ни велеа дека ако бидеме шампиони сигурно ќе играме, па само да не испаднеме инаку сме сигурни и за следната сезона. Сега гледам дека тоа биле лаги на измамници и криминалци чија главна цел била само да ни ги земат парите и да не шутнат“ – вели Дедиќ.

Тој е особено бесен на директорот на АБА-лигата, Крешимир Новосел.

„Најголем шлајм од човек во тоа друштво е директорот Крешимир Новосел, кој е најголем полтрон и безрбетник и кој не смее ништо да направи без да се консултира со моќниците. Истото се однесува и за спортскиот директор Жарко Чабаркапа. Двајцата се седнати во скут на тие што ги командуваат како играчки на далечинско управување, првиот кај Младен Вебер од Цедевита, а вториот кај Небојша Човиќ. Јас уште во текот на сезоната ја прочитав приказната дека еден е главен, Човиќ, а сите останати се полтрони, што се покажа како точно се неговиот неодамнешен избор за претседател. Па, дали е нормално на таа функција да биде човек што е газда на два клуба кои играат во натпреварувањето и кој нема исплатено дури осум плати на кошаркарите на Црвена звезда. Но, тоа секако е можно во вакво шлајм-друштво на полтрони и безрбетници“, истакнува претседателот на Карпош соколи.

Фрустрациите кај „соколите“ кулминираа откако тимот што со игрите и резултатите заслужи да биде дел од елитата, пред неколку дена добил покана од АБА да биде дел од втората лига од регионалното натпреварување.

Карпош Соколи е тим кој има достоинство. Ние не сме селски тим што игра во било која Втора лига. Не ми е јасно како не им е срам на безрбетниците и на полтроните што имаат ѓон наместо образ да нѐ канат да играме во ова нивно третокласно натпреварување кое сум убеден нема никаква иднина. Од каде им е доблест воопшто да ни се обратат да играме во некоја друга лига освен во таа каде што резултатот обезбедивме место. Нашиот квалитет, како играчки така и организациски не е спорен и тој се докажа и со поканата да играме во Лигата на шампионите на ФИБА. Тоа е натпреварување кое држи до стандарди и во кое нема локални шерифи на шлајм, какви што има во АБА-лигата“, завршува Огнен Дедиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.