„Дедото“ не е за во пензија: Омејер уште една година во ПСЖ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
27/03/2017 19:58
Фудбал
27/03/2017 14:44
Коментари
27/03/2017 12:45
Фудбал
27/03/2017 12:14

„Дедото“ не е за во пензија: Омејер уште една година во ПСЖ

„Дедото“ не е за во пензија: Омејер уште една година во ПСЖ

Тиери Омејер има 40 години, но се уште не размислува за завршување на кариерата. И навистина нема причина со оглед на извонредната форма на искусниот голман, со која Омејер си обезбеди нов договор со ПСЖ. Францускиот првак денеска го официјализираше продолжувањето на соработката со Омејер, кој ќе остане да го чува голот на „светците“ најмалку до јуни 2018 година.

Среќен сум што клубот верува во мене и што ја продолжуваме оваа заедничка авантура во ПСЖ. Знам дека овој клуб има највисоки можни амбиции и тоа ми дава мотив и на мене да продолжам со работа на највисоко можно ниво“ – изјави Омејер по потписот на новиот договор.

Искусниот голман е член на ПСЖ од 2014 година, кога пристигна од редовите на Монпелје. Во својата фантастична кариера има настапувано и за германскиот гигант Кил, како и за францускиот прволигаш Селестат.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.