Дефинитивно: Кавтичник ќе игра против Македонија

Веселин Вујовиќ има причина за задоволство откако по бројните проблеми со повредите доби зелено светло за да смета на Вид Кавтичник. Капитенот на Словенија го одработе денешниот тренинг во Загреб, по што самиот потврди дека ќе настапи на утрешниот дуел со Македонија.

„Се е во најдобар ред. Во четвртокот почнав да тренирам со остатокот од тимот, се е во најдобар ред и ако се мине во најдобар ред ќе можам да им помогнам на соиграчите на оваа многу важна средба“ – изјави Кавтичник по денешниот тренинг.

Покрај Кавтичник словенечкиот селектор ќе може да смета и на Хенигман, а во комбинација не се повредените Габер, Доленец и Медвед.

Се вчитува...