Дејан Манасков незапирлив против Балатонфуреди

Дејан Манасков беше во главна улога при убедливиот триумф на Веспрем над Балатонфуреди (40-26), со што унгарскиот првак експресно се врати на победнички патеки по неочекуваниот пораз на дербито со Пик Сегед во минатото коло.

Македонскиот репрезентативец беше незапирлив постигнувајќи осум погодоци, со што беше најдобар стрелец на својот тим, пред Илиќ, Тонесен, Гајиќ и Ненадиќ со по пет погодоци.

Веспрем има два бода предност и еден натпревар помалку во однос на Пик Сегед, со што тимот на Манасков се наоѓа на чекор до нова титула на унгарската сцена. Сепак, приоритет останува битката за европската круна каде Веспрем во осминафиналето ќе се сретне со Скјерн.

Се вчитува...